На годишнината од нападот врз САД

Лидерот на Ал каеда ги повика муслиманите да нападнат западни цели

Лидерот на Ал каеда Ајман ал Завахири ги повика денес муслиманите да нападнат американски, европски, израелски и руски цели во својот говор по повод 18-годишнината од терористичките напади од 11 септември.

Во видеото што го објави милитантната група Ал Завахири ги критикува „повратниците“ од џихадот, што се однесува на поранешните џихадисти кои ги промениле своите ставови во затвор.

„Ако сакате џихадот да се фокусира само на воени цели, американската војска е присутна низ целиот свет, од исток до запад. Вашите земји се полни со американски бази, со сите неверници и корупцијата што ја шират“, кажа тој.

Во координираните киднапирања на Ал каеда на 11 септември 2001 загинаа речиси 3.000 луѓе, кога грабнатите авиони удрија во Светскиот трговски центар и Пентагон, а третиот падна во поле во Пенсилванија.

Ал Завахири, кој е Египќанец, стана лидер на Ал каеда по убиството на Осама бин Ладен во 2011 година. Се смета дека тој се крие некаде во пограничниот дел меѓу Авганистан и Пакистан.

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе