Лидерката на Хонг Конг отвори Канцеларија за национална безбедност: Ова е историски момент

Ненајавена церемонија на отворање на кинеска Канцеларија за заштита на националната безбедност се одржа денес во хотел во Хонг Конг.

EPA-EFE/ISD

Канцеларијата е отворена една недела откако Пекинг усвои контроверзен закон за национална безбедност за Хонг Конг. Канцеларијата во хотелот Метро Парк, сместена спроти собирното место на демонстрантите на Викторија Парк, ќе биде центар на операциите за спроведување на законот според кој строго се казнуваат сецесија, субверзија, тероризам и странско мешање.

Лидерката на Хонг Конг Кери Лам зборуваше на церемонијата одржана во 7:20 часот по локално време, нарекувајќи го отворањето на канцеларијата „историски момент“.

„Сведоци сме на уште една пресвртница во воспоставувањето на силен правен систем и механизам за спроведување за зачувување на националната безбедност во специјалниот административен регион Хонг Конг во Народна Република Кина“, рече Лам.

На церемонијата присуствувале десетици службеници, меѓу кои и новиот директор на канцеларијата Ченг Јеншанка, службеници за врски на Хонг Конг и Кина и кинески воени команданти.

Новиот закон предизвика остри критики од жителите на Хонг Конг и меѓународната заедница, а 27 земји, вклучително и Велика Британија и САД, бараат од Кина да се откаже од законот.

Хонг Конг, според договорот со Велика Британија, која ѝ го врати Хонг Конг на Кина во 1997 година, до 2047 година ужива автономија според принципот „една земја, два система“.

Многумина веруваат дека законот за национална безбедност го крши овој принцип.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/ISD

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе