Лидерката на Хонг Конг во дијалог гледа решение, протестите продолжуваат

Лидерката на Хонг Конг, Кери Лам, изјави дека се надева дека антивладините протести од минатиот викенд кои поминаа без насилство го означуваат почетокот на напорите за враќање мир и дека во дијалогот со ненасилните демонстранти ќе се најде „излез" за денешен Хонг Конг.

Стотици илјади демонстранти викендов и покрај дождот мирно се собраа во единаесеттата недела протести.

„Искрено се надевам дека тоа е почеток општеството да се врати кон смиреност и да се одврати од насилство“, рече Лам.

„Веднаш ќе започнеме да работиме на воспоставување платформа за дијалог. Овој дијалог, се надевам, ќе се заснова на меѓусебно разбирање и почитување и ќе најде излез за денешен Хонг Конг“, рече таа.

Протестите во Хонг Конг започнаа на 9 јуни поради незадоволството од законот кој би овозможувал осомничените да се екстрадираат во Кина. Жителите на Хонг Конг сметаат дека тоа ќе ја поткопа правосудската независност на покраината и ќе ги изложи луѓето на опасностите од политички обвиненија.

Во меѓувреме законот номинално е поништен, но протестите и понатаму траат поради загриженоста поради сè поголемата ерозија на слободата, загарантирана со формулата „една држава, два система“, која стапи во сила откако Хонг Конг во 1997 година ѝ е вратен на Кина.

„Предлог-законот е мртов“, рече Лам на брифингот за новинарите. „Нема планови за оживување на предлог-законот, особено во светло на загриженоста на јавноста“.

Полицијата е критикувана поради агресивното постапување при растурање на протестите, но овој викенд е забележано минимално присуство на полицијата и немало апсења. Повеќе од 700 лица се уапсени од јуни.

Лам рече дека е формирана работна група која ги разгледува поплаките за полицискиот однос кон демонстрантите.

Антивладините протести се еден од најголемите предизвици за кинескиот претседател Си Џинпинг откако тој ја презеде власта во 2012 година. Комунистичката партија се подготвува да ја обележи 70-годишнината од основањето на Народна Република Кина на 1 октомври, така што кризата во Хонг Конг се одвива во чувствителен период.

Пекинг за протестите ги обвинува другите земји како Соединетите Американски Држави, а видеоснимките од вежбите на кинеските паравојски на стадионот во Шенжен, град близу Хонг Конг, покажуваат дека не е исклучена ни воена интервенција.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе