Лидерите на НАТО го осудија военото јакнење на Русија и нуклеарните амбиции на Кина

Денеска на самитот во Брисел лидерите на земјите од НАТО ја осудија „растечката закана од руското воено зајакнување“ и ја повикаа Русија да го почитува меѓународното право.

Фото: ЕПА

„Сѐ додека Русија не покаже дека го почитува меѓународното право и своите меѓународни обврски и одговорности, не може да има враќање во нормала“, се вели во соопштението на самитот на Алијансата.

Лидерите на НАТО изразија загриженост за амбициите на Кина за развој на нуклеарен арсенал.

„Амбициите и однесувањето на Кина претставуваат предизвици за меѓународниот поредок заснован на правила и во областите од значење за безбедноста на Алијансата“, се вели во заклучоците.

Лидерите ветија дека ќе обезбедат финансиска помош за продолжување на работата на аеродромот во Кабул по повлекувањето на силите на НАТО од Авганистан.

На самитот во Брисел првпат присуствуваше американскиот претседател Џозеф Бајден, кој е во прва посета на Европа по стапувањето на должноста.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе

„Сакајќи ја Америка и должејќи ѝ ја првата верност нејзе, ние ќе бидеме безвредни синови и ќерки на Америка ако немаме љубов во нашите срца за почвата што нè хранеше во нашето детство, за јазикот што го зборуваме и што го немаме заборавено...“

повеќе