Лидерите на Германија, Шпанија и Португалија ги повикаа Французите да гласаат за Макрон

Емануел Макрон доби јавна поддршка од лидерите на Германија, Португалија и Шпанија во вториот круг од претседателските избори во Франција.

Фото: ЕПА

Олаф Шолц, Антонио Коста и Педро Санчез ги повикаа француските гласачи да гласаат за Макрон и да ja поддржат „слободата, демократијата и посилна Европа“, пренесува Гардијан.

Лидерите на трите земји ја изразија својата поддршка за Макрон во отворена колумна на француски Ле Монд. Тие додадоа дека изборите во Франција за нив „не се избори како сите други“.

Иако не го спомнаа Макрон или неговата крајнодесничарска ривалка Марин Ле Пен, германскиот канцелар и премиерите на Шпанија и Португалија, рекоа дека се надеваат дека ќе победи визијата на актуелниот претседател „Франција, Европа и светот“.

Тие велат дека Французите во моментов имаат избор помеѓу „демократски кандидат кој верува дека Франција е посилна во моќна и автономна ЕУ и кандидатка на екстремната десница која отворено застанува на страната на оние кои ја напаѓаат нашата демократија и слобода“.

„На ЕУ ѝ треба Франција која останува во срцето на европскиот проект и ги брани нашите заеднички вредности во силна и великодушна Европа. Се надеваме дека граѓаните на Франција ќе го изберат тоа“, рекоа Шолц, Санчез и Коста.

Лидерите рекоа дека исходот од изборите е клучен „за Франција и за сите нас во Европа“ поради војната на Русија против Украина.

„Популистите и екстремната десница во сите наши земји го направија Владимир Путин идеолошки и политички модел“, напишаа лидерите, мислејќи на изјавите на Марин Ле Пен, која со восхит зборуваше за Путин.

Портпаролот на Националната партија на Ле Пен рече дека надворешните интервенции на изборите ретко се добредојдени за гласачите и дека не се ефективни. Тој додаде дека има и други европски влади кои ја делат нејзината визија за „сојуз на суверени нации“, пишува Гардијан.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе

Потписниците на нотарските изјави дека нема да гласаат за измените на Уставот се подложни на промени за материјално благо.

 

повеќе

Здруженост, сплотеност и поврзаност на луѓе, друштва, организации и институции кон една заедничка цел или поради заедничка причина. 

повеќе