Лидерите на Г7 до Русија: Престанете со дестабилизирачките активности

Лидерите на земјите-членки на групата Г7 ја повикаа Русија „да престане со дестабилизирачките активности", вклучително и медијации и интервенции, да ги почитува човековите права и да ги изведе пред лицето на правдата одговорните за сајбер нападите од нејзина територија.

Фото: ЕПА

„Ја повикуваме Русија итно да истражи, да објасни веродостојно и да даде веродостојни објаснувања за употребата на хемиско оружје на нејзина територија“, изјавија лидерите во завршната изјава која се однесува на Русија.

Повикот за истрага за хемиско оружје се толкува во контекст на труењето на истакнатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, кој беше на лекување во Германија од последиците од труење со воен отров новичок.

Навални го обвини рускиот претседател Владимир Путин за труењето, но Кремљ ги отфрли ваквите обвинувања.

Лидерите ја повикуваат Русија да престане со „систематската репресија над граѓанското општество и независните медиуми и да ги идентификува и прогласи одговорни лицата кои во границите на таа држава спроведуваат кибернетички напади“, се вели во соопштението.

Велика Британија претходно соопшти дека Русија е водечки промотор на сајбер напади.

Прашањето е во центарот на вниманието по кибернетичките напади врз гасоводот Колонијал, најголем во САД и нападот врз најголемата светска компанија за обработка на месо ЈБС, кој парализира големи делови од производството во Северна Америка и Австралија.

„Ги повикуваме сите држави итно да ги идентификуваат и оневозможат криминалните мрежи кои вршат сајбер напади и бараат откуп и да ги изведат пред лицето на правдата“, се наведува во соопштението.

Шефовите на државите и владите на Франција, Италија, Велика Британија, Канада, САД, Германија и Јапонија го заклучија тридневниот самит со завршна изјава, првиот физички одржан самит во Англија која во моментов претседава со Г7 и беше посветен на борбата за економско закрепнување од ковид и климатските промени.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Време е да се фокусираме врз суштинските проблеми. Време е да создадеме вистински ’општествен договор‘ за владеење на правото и на човековите права како главни столбови на европските вредности

повеќе

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе