Важен партнер, но...

Лидерите на ЕУ во Турција изразија загриженост поради состојбата на човековите права

Лидерите на Европската Унија се во посета на Турција за заживување на билатералните односи, и му изразија денес на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган загриженост поради состојбата на човековите права во неговата земја.

EPA-EFE

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел им изјави на новинарите во Анкара по средбата со Ердоган дека му ја пренел „длабоката загриженост“ на ЕУ поради кршењето на тие права.

„Владеењето на законите и почитувањето на основните права се суштинските вредности на ЕУ“, кажа Мишел.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лејен изјави на истата конференција дека Турција мора да ги почитува човековите права.

Таа изрази жалење поради повлекувањето на Турција од Конвенцијата на Советот на Европа за спречување насилство врз жените и насилство во семејството. Таа конвенција во 2011 година беше потпишана во Истанбул.

„Длабоко сум загрижена поради повлекувањето на Турција од Истанбулската конвенција. Тоа е лош сигнал“, кажа таа.

Лидерите на ЕУ, меѓутоа, потврдија дека Турција останува „важен партнер“ на ЕУ и ја подвлекоа нејзината улога во прифаќањето на бегалците, особено од Сирија..

По една година тензии, турските власти ги засилија повиците на дијалог со ЕУ за решавање на чувствителните прашања. Меѓу тие прашања се грчко-турскиот спор во источниот Медитеран и улогата на Турција во конфликтите во Сирија, Либија и во Нагорно Карабах.

Лидерите на ЕУ побараа од Анкара „веродостојни гестови“ и „трајни напори“ и ја ставија Турција „под надзор до јуни“ кога е следниот голем самит на Унијата.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе