Мишел, кој претседава со состанокот на лидерите ЕУ27 во Брисел, на својот твитер профил порача дека сега може да се почне со применување на буџетот и работата на заздравување на европските економии.
Унгарија и Полска во претходниот период го блокираа буџетот на ЕУ за следните седум години и пакетот за заздравување во вкупна вредност од 1.825 милијарди евра поради противењето на новиот механизам кој го условува финансирањето од фондовите со почитување на владеењето на правото во земјите членки.
Германија, како претседавач со Советот на ЕУ, пред состанокот претстави компромисен предлог кој дава гаранции за фер примена на механизмот, вклучувајќи и проценка на Судот на правдата и можност за жалба до Европскиот совет на земјите против кои механизмот евентуално би бил употребен.
Повеќето лидери, вклучувајќи го и унгарскиот премиер Виктор Орбан, доаѓајќи на денешниот сами изразија очекување дека договор за механизмот за следење на владеењето на правото, а со самото тоа и деблокада на важниот буџет за заздравување на ЕУ од последиците на пандемијата, ќе биде постигнат вечерва.