Лидерите на ЕУ денеска одлучуваат за Украина, се очекува да добие кандидатски статус

На денешниот состанок во Брисел, европските лидери формално ќе го почнат долгиот пат на Украина до членство во ЕУ бидејќи се очекува да донесат позитивна одлука за доделување кандидатски статус на Украина по позитивната препорака од Европската комисија минатата недела.

Фото: ЕПА

Иако е симболичен, овој потег ќе помогне да се зајакне моралот на оваа земја, каде што илјадници луѓе беа убиени во изминатите четири месеци, милиони се раселени и многу градови се срамнети со земја.

Украинскиот претседател Зеленски вчера рече дека разговарал со 11 лидери на ЕУ за кандидатурата на Украина и дека денеска ќе има уште разговори, верувајќи дека сите 27 земји од ЕУ ќе го поддржат статусот на Украина за кандидат.

„Ние тоа го заслужуваме“, им порача тој на собраните во Амстердам преку видеоврска.

„Тоа е клучен момент за нас бидејќи некои луѓе од мојот тим велат дека ова е нашата светлина на крајот од тунелот. Што се однесува на нашата армија и општество, тоа е голем мотиватор, голем мотивирачки фактор за единството и победата на украинскиот народ“, додаде тој.

Зеленски, потсетува Би-би-си, поднесе барање за влез во ЕУ пет дена по почетокот на рускиот напад. На денот кога се слушнаа експлозиите во Киев, тој повика на пристапување со нова специјална процедура.

Иако првичниот одговор на околу 10 земји од ЕУ беше длабоко скептичен, противењето исчезна, но остануваат прашањата за долгиот пат што претстои.

Украина бара членство во ЕУ уште од портокаловата револуција во 2004 година, а уште повеќе од протестите на Мајдан во 2013/2014 година, кога прорускиот претседател Виктор Јанукович беше соборен откако одби да го потпише договорот за пристап во ЕУ.

Доделувањето кандидатски статус на Украина за влез во ЕУ би било историска одлука што ќе ѝ сигнализира на Русија дека повеќе не може да бара сфера на влијание врз својот источен сосед, изјави амбасадорот на Киев во Брисел.

Анкетата објавена оваа недела од страна на институтот Европски совет за надворешни односи покажа дека 57 отсто од Европејците ја поддржуваат кандидатурата на Украина за членство.

Кандидатскиот статус во ЕУ, кој може да се додели само ако постојните земји-членки се согласат едногласно, е првиот чекор кон членството. Кандидатскиот статус не обезбедува никакви безбедносни гаранции или автоматско право за приклучување во блокот.

Полноправното членство на Украина ќе зависи од тоа дали земјата зафатена од војна може да ги исполни политичките и економските услови, а еден од главните проблеми со кои сега се соочува Украина се корупцијата и реформите на јавната администрација.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе