Брисел најави

Лидерите на членките на ЕУ во четврток ќе расправаат за набавка на вакцини за Западниот Балкан

Набавката на вакцини за Западниот Балкан ќе биде една од темите на состанокот на лидерите на членките на Европската Унија, која ќе биде одржана во четврток, најави Брисел.

EPA-EFE

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел кажа дека лидерите на ЕУ би требало да разговараат за соработката со трети земји во врска со вакцинирањето кое, како што наведе, треба да се третира како глобално јавно добро.

„Ќе разгледаме како можеме да им помогнеме на нашите партнери во соседството и пошироко“, порача Мишел.

Во писмото-покана до лидерите на земјите членки на ЕУ, пред видео-конференцијата закажана за четврток во 18 часот, Мишел наведе дека на состанокот ќе се расправа и за кампањата на вакцинација во Унијата.

„Забрзувањето на вакцинацијата низ ЕУ е наш апсолутен приоритет“, кажа Мишел.

Покрај расправата за набавка и распределување на вакцините низ 27-те членки на ЕУ и во соседството, Мишел најави и разговор за сертификатите за вакцинација.

„Ќе разговараме за соодветноста на заедничкиот пристап кон сертификацијата, како и, ако е потребно, под кои околности може да се користат таквите сертификати“, порача Мишел. Тој оцени дека моменталната ситуација со заразата со ковид-19 во Европа бара најголема претпазливост. Мишел повика, и покрај почнувањето на вакцинацијата, да се продолжи со обемните тестирања и следења на контактите, но и да се овозможи прекугранично движење во рамки на ЕУ.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе