Ескалација на конфликтот

Либиските владини сили презедоа клучна база од силите на Хафтар

Силите на меѓународно признаената либиска влада денеска соопштија дека ја презеле контролата врз клучната воена база во предградие на Триполи.

Тие ја презедоа контролата од силите на фелдмаршалот Калифа Хафтар, кои се обидуваат да го освојат главниот град.

Портпаролот на владините сили, полковникот Мохамед Гнуну, рече дека е повторно заземена воздушната база ал-Ватија во југозападното предградие Триполи.

Силите на Триполи со недели се обидуваа да ја преземат базата, изведувајќи напади со беспилотни летала испратени од Турција, пренесува Ројтерс, додавајќи дека силите на Хафтар претрпеле големи загуби во последните неколку недели.

Ескалацијата на конфликтот се случува и покрај зголемениот меѓународен притисок врз обете страни да им се вратат на преговорите за политичко решение и да престане насилството, поради загриженост и од ширење на коронавирусот.

Либија пријави 65 случаи на коронавирусот и тројца починати пациенти.

Информацијата дека коронавирусот може да се пренесe преку допир со готовина, дополнително ги мотивираше луѓето да се ослободат од банкнотите. 

повеќе

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе