Уништен главниот влез на зградата

Либија: Демонстранти го запалија седиштето на паралелната влада во Бенгази

Демонстранти денес го запалија седиштето на паралелната влада во Бенгази, вториот град по големина во Либија, каде е направена значителна материјална штета, соопштија извори блиски на безбедносните сили.

EPA-EFE

„Група демонстранти утринава ја нападнаа зградата на советот на министри, подметнаа пожар и избегаа“, изјави извор близок до министерството за внатрешни работи на паралелната влада во Либија.

Полицијата и пожарникарите брзо дошле на лице место и го изгасиле пожарот во кој е уништен главниот влез на зградата.

Во Либија владее хаос од 2011 година, кога беше урнат, а набрзо потоа и убиен долгогодишниот лидер Моамер Гадафи.

Либија од 2015 година е поделена меѓу две ривалски влади, бунтовничката на истокот и меѓународно признатата во Триполи.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе