Либералната Словакинка ги победи десничарите и стана претседателка

Либералната адвокатка Зузана Чапутова победи на претседателските избори во Словачка станувајќи првата жена на претседателската функција во историјата на Словачка.

Наспроти трендот на јакнење на популистите и антиевропските политичари на целиот континент, 45-годишната Чапутова на бранот на незадоволството на јавноста поради корупцијата победи во вториот круг, освојувајќи 58,3 отсто од гласовите по обработени повеќе од 98 отсто од гласачките места.

Независниот кандидат Марош Шефчович, 52-годишниот потпретседател на Европската комисија поддржан од партијата на власт Смер-СД (левичарски популисти), доби 41,7 отсто од гласовите.

Промената на власта почна во февруари минатата година по масовните протести поради убиството на истражувачкиот новинар Јан Кучијак.

Чапутова учествуваше во протестите по убиството на новинарот, кои тогашната влада ја доведоа во непријатна позиција и почнаа сериозна криза во земјата со 5,4 милиони жители која е членка на Европската Унија и НАТО.

Со изборниот слоган „Секогаш за Словачка“, Шефчович ветуваше дека ќе ги зголеми социјалните додатоци за постарите лица и младите семејства.

Правничката и еколошка активистка Чапутова е членка на Прогресивна Словачка која вети дека ќе ја напушти доколку биде избрана на претседателската функција, а ја поддржаа опозициските партии, помалата партија во владејачката коалиција која го претставува унгарското малцинство и претседателот во заминување Андреј Киска.

Својот победнички говор го почна заблагодарувајќи им се на гласачите на словачки и на јазиците на националните малцинства – унгарски, чешки, ромски и русински.

Чапутова ја критикуваат црквата и останатите конзервативни групи поради ставовите за абортусот и хомосексуалците.

Претседателот на Словачка има мали овластувања, но е генерален командант на оружените сили, може да стави вето на новите закони и да ги именува највисоките судии.

(Текстот е одговор на колумната „Сите нации се модерни конструкти" од д-р Љубица Спасковска објавена на МКД.мк, 1 август)

повеќе

На мојот пријател, овчарот Митко му реков: „Дојде време ти, јас, сите граѓани на Македонија да си го вратиме суверенитетот на оваа наша држава".

повеќе

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе