На протести поради покачувањето на даноците

Либански демонстранти му ја пеат „Бејби шарк“ на уплашено дете (ВИДЕО)

Во екот на жестоките протести во Либан околу новите даноци, демонстрантите направија кратка пауза од извикувањето антивладини пароли и му запеаја серенада на едно исплашено дете, прснувајќи во спонтано пеење на популарната песна „Бејби шарк“.

Додека илјадници излегоа на улиците на Бејрут минатиот викенд за да побараат укинување на даночните зголемувања, во центарот на протестите се нашол еден мал минувач, 15-месечниот Робин Џабур, кој бил со својата мајка кога толпа демонстранти се приближиле до нејзиниот автомобил.

„Имам бебе, немојте да бидете премногу гласни“, ѝ вели неговата мајка на групата од неколку десетици демонстранти, пренесува Си-ен-ен, но кога тие сфаќаат дека во автомобилот се наоѓа мало момче, прснуваат во популарната детска песна и му изведуваат претстава.

Овој инцидент ја претвори мелодијата во некаква подбивна химна на протестите, а на видеата објавени на социјалните медиуми се гледаат демонстрантите како здружено ја пеат.

Јавното незадоволство се појави по предлозите за зголемување на даноците за користење на услугите за интернет-повици, како што е Вотсап, и зголемување на данокот на додадена вредност во земјата (ДДВ) од 11 на 15 проценти. Иако демонстрациите првично се фокусираа на новите такси (медиумите ги нарекоа „Даночна интифада“), тие наскоро прераснаа во генерален протест против корупцијата и лошото владеење.

Од минатиот четврток стотици илјади демонстранти се собираат на улиците, а многумина поставуваат барикади од запалени гуми, затворајќи ги патиштата низ целата земја. Демонстрантите повремено се судираат со безбедносните сили.

Голем дел од гневот е упатен кон премиерот Саад Харири, чиј кабинет во понеделникот ги донесе вонредните реформи, со надеж дека ќе стивне негодувањето на јавноста.

Со планот за реформа од 17 точки се укинува дел од даночните предлози, се намалуваат платите на министрите и пратениците за половина, се воведуваат нови даноци на добивка во банкарскиот сектор и се прават други напори за да се среди во буџетскиот дефицит на владата. Во моментов Либан има еден од најголемите јавни долгови како дел од светското економско производство.

Училиштата, банките и другите фирми останаа затворени во понеделникот, заедно со голем број патишта низ целата земја, а уличните протести се чини дека ќе продолжат, и покрај вонредните реформи во понеделникот.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе