По катастрофалната експлозија

Либанска петиција за Франција да ја преземе контролата врз Либан собра над 60.000 потписи

Петицијата Либан да се стави под француска управа во наредните 10 години собра повеќе од 50.000 потписи за 24 часа, а денеска веќе стигна до над 60.000.

Претседателот Емануел Макрон во четвртокот наутро слета во Бејрут за да ја покаже поддршката за францускиот штитеник на Блискиот Исток и поранешен протекторат од колонијалната ера, по масовната експлозија што ја разори либанската престолнина.

Во петицијата се зборува за фрустрираноста на луѓето од „тоталната неспособност на либанската влада да ја обезбеди и да ја управува земјата“, напишаа нејзините креатори.

„Со неуспешен систем, корупција, тероризам и милиција, земјата тукушто го зеде својот последен здив. Веруваме дека Либан треба да биде вратен под француски протекторат со цел да воспостави чисто и трајно владеење“, додаваат тие.

„Јас немам никаква илузија. Франција има свои проблеми со кои треба да се справува“, изјави Сирили, креаторот на петицијата, за Еуроњуз. Тој додаде дека ја покренал петицијата со надеж дека „ќе се види обемот на очајот (на либанскиот народ)“.

„Ако имавме револуција и изберевме нов парламент, дури и изборниот закон воведен од владата ќе претпочиташе хегемонија на политичката класа што беше тука 40 години“, рече тој.

„Откако замина Франција, земјата само тоне. Следуваа граѓанска војна, економски, политички и гранични кризи“, вели Франко-Либанецот Џон, потписник на петицијата, за Еуроњуз.

Тој додаде дека се прашува дали „либанските лидери ќе бидат доволно скромни да ја признаат својата неспособност и неуспех“.

„Либан нема економска стратегија“, рече уште една личност што ја потпишала петицијата, која сакала да остане анонимна. „Луѓето живеат од ден за ден. Тие се обидуваат со фластери да ги излечат длабоките рани на сегашноста.“

 

Блиските врски на Либан и Франција

На крајот на Првата светска војна, Либан беше ставен под француската воена управа пред Лигата на народи во 1923 година и официјално да ѝ ја даде на Франција управата на Либан и на Сирија.

Првично, за време на Втората светска војна, Либан го водеше Вишиевска Франција, но територијата во 1942 година дојде под управа на Слободна Франција.

Францускиот претставник генерал Катру подоцна ја прогласи и независноста на Либан и Сирија, по притисокот од Велика Британија.

Владата на Слободна Франција, на чело со Шарл де Гол, не беше спремна да се откаже од контролата над регионот. Сепак, тие во 1943 година одлучија да одржат избори, кои резултираа со победа на националистите.

Новоизбраната влада воведе уставни измени што имаа цел да ги отстранат сите остатоци од француското влијание.

Французите, незадоволни од новото законодавство, ги уапсија претседателот и скоро целата влада - што доведе до востание и дипломатска интервенција на Британците.

Французите потоа ѝ ја префрлија власта на новата влада. Независноста беше официјално прогласена на 22 ноември 1943 година, но Либан стана целосно независен по целосното повлекување на британските и француските трупи во 1946 година.

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе