Тензиите се зголемуваат

Либан: Приберете го Израел, ќе се жалиме до Советот за безбедност на ОН

Либан протестира поради тоа што Израел го употребил нивниот воздушен простор за нападот врз Сирија и вели дека ќе поднесе жалба до Советот за безбедност на ОН.

Либанското Министерство за надворешни работи соопшти дека го поддржува, како што вели, „легитимното право“ на Сирија да одговори на „израелската агресија“.

Во соопштението се вели дека таквата „агресивна политика“ ја загрозува стабилноста во регионот, објави АП.

Либан ги повика засегнатите земји да го скротат Израел.

Израел денеска објави дека ирански дрон влегол во воздушниот простор на таа земја од Сирија.

Иранското Министерство за надворешни работи ги отфрли како „смешни“ тврдењата дека Израел денес пресретнал ирански дрон, лансиран од Сирија, објави иранската државна телевизија.

Во меѓувреме, либанската новинска агенција објави дека ракетата, очигледно од сириската воздушна одбрана, слетала во село во југозападен Либан.

Претходно денеска, израелската армија објави дека соборила ирански дрон што влегол во земјата и дека ги нападнала иранските цели во Сирија што го лансирале.

Израелските авиони се соочиле со силна противвоздушна одбрана од Сирија, која ги принудила израелските пилоти да го напуштат Ф-16, кој се урнал во северен Израел.

Според Законот за вработените во јавниот сектор, службениците можат да примаат подароци во вредност до 3000 денари годишно, што се смета за „пониска вредност“.

повеќе

Кинеското присуство во Македонија не треба да се преценува или стигматизира, туку да се искористи,

повеќе

Земјите од Западен Балкан се соочуваат со нов безбедносен предизвик: дерадикализација и реинтеграција на повратниците.

повеќе