Ден по апелот на 145 локални и меѓународни невладини организации

Либан: Издадена потерница по поранешен министер поради експлозијата во пристаништето во Бејрут

Судијата задолжен за истрагата на минатогодишната разорна експлозија во бејрутското пристаниште издаде потерница по поранешен министер кој одбил да се појави на сослушување, пренесува Франс прес повикувајќи се на судски извори.

EPA-EFE

Потерницата е издадена денес, ден по апелот на 145 локални и меѓународни невладини организации, и на преживеаните и роднините на загинатите во експлозијата испратен до Обединетите нации со кој се бара меѓународна истрага додека локалната споро продолжува поради силниот политички притисок.

Потерницата е издадена против поранешниот министер за транспорт и јавни работи Јусеф Фенианос.

Во експлозијата која се случи на 4 август 2020 загинаа 214 луѓе, а ранети беа над 6.500 и уништени цели делови на главниот град на Либан.

Како што соопштија либанските власти, големо количество амониум нитрат кое стоело во пристаништето од 2013 година не било прописно чувано. Тие веднаш по експлозијата одбија меѓународна истрага.

Високи политички, безбедносни и судски функционери биле свесни за опасноста која ја претставуваат речиси 3.000 тони од високо експлозивната супстанца, а не презеле никакви превентивни мерки, оценија меѓународните невладини организации.

Четворица поранешни министри, вклучувајќи го Фенианос, се осомничени за потенцијално ненамерно убиство, немарност и злоупотреба. Фенианос бил министер од 2016 до 2020 година.

Во јули судијата Тарик Битар побара од парламентот да се укине имунитетот на тројца поранешни министри, како и на нивните заменици, но тоа беше одбиено.

Локалната истрага е под сè поголем притисок на партиите на власт кои се обвинети за корупција.

Адвокатот на поранешниот министер кажа за Франс прес дека потерницата претставува „флагрантно кршење на законот и судските принципи“, најавувајќи контрамерки.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе