Либан бара од светските сили да им овозможат на Сиријците да се вратат дома

Либанскиот претседател Мишел Аун ги повика на Арапскиот економски самит светските сили да се ангажираат околу враќањето на ситиските бегалци во своите домови, без оглед на политичкото решение на војната во таа земја.

Аун кажа во Бејрут дека Либан има повеќе решенија за безбедно враќање на бегалците дома кои ќе ги претстави.

Од почетокот на конфликтот во Сирија во 2011 повеќе од милион луѓе избегаа од таму во Либан. Според податоците на хуманитарните агенции, тие таму живеат во екстремна сиромаштија.

ОН тврдат дека нивното враќање во земјата сѐ уште не е безбедно.

Либанските власти ги повикаа бегалците да се вратат дома откако сирискиот претседател Башар Ал Асад врати најголем дел од териториите со руска и иранска помош.

Но, поделбите меѓу арапските земји околу Сирија, како и внатрешните несогласувања меѓу Либанците, го поткопаа самитот уште пред неговиот почеток, и неколку лидери го откажаа учеството.

Клучниот проблем е прашањето дали треба Сирија повторно да се прими во Арапската лига, откако пред повеќе од седум години нејзиното членство во сојузот беше суспендирано.

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе