Лежи ли Црна Гора на „црното злато“ – одложено првото истражно дупчење

Првото исражно дупчење кое треба да покаже дали има нафта во црногорското подморје, а кое беше планирано за летово, е одложено за 2021 година.

EPA-EFE

Како што соопшти Управата за јаглеводороди на Црна Гора, дупчењето е одложено поради пандемијата на коронавирусот.

Според актуелните проценки на Управата, се очекува работата да почне во првиот квартал следната година, односно од јануари до крајот на март.

Црна Гора досега склучи два договори за концесија за истражување и производство на нафта и гас – првиот со конзорциумот Ени/Новатек во 2016 година, а другиот со грчката компанија Енергеан една година подоцна.

Подгоричкиот портал Вијести наведува дека првото истражно дупчење е одложено поради оперативни тешкотии настанати поради актуелната епидемиолошка ситуација, како што се затворањето на границите и неможноста за доаѓање на подизведувачите во Црна Гора.

Се додава дека, иако во изменети околности, во земјата непречено се извршуваат голем број активности поврзани со истражувањето за нафта и гас.

Се наведува и дека во Приистаништето Бар е формирана логистичка база каде веќе се доставува материјалот кој ќе биде користен за истражното дупчење.

Од Управата велат дека, имајќи предвид дека првото истражно дупчење било планирано за оваа година, се завршени сите активности поврзани со 3Д сеизмичкото истражување.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе