Летот на американската потпретседателка одложен поради мистериозниот хавански синдром

Американската потпретседателка Камала Харис пристигна денес во Виетнам, откако патувањето беше одложено три часа поради необјаснет здравствен инцидент потенцијално поврзан со мистериозниот хавански синдром.

Фото: ЕПА

Харис, решена да ги обедини сојузниците во обид да ѝ се спротивстават на Кина, пристигна во главниот град на југоисточната азиска земја по тричасовно чекање во Сингапур и невообичаени изјави на американската амбасада во Виетнам, која за одложувањето го обвини можниот невообичаен здравствен инцидент.

Американската влада често го користи терминот за да го опише хаванскиот синдром, состојба со симптоми како што се вртоглавица, гадење, мигрена и губење на сеќавањето. Први се разболеа американски службеници од Амбасадата на САД во Куба во 2016 година, па синдромот по тоа го доби своето име.

„Кабинетот на потпретседателката е запознаена со извештајот за неодамнешниот можен невообичаен здравствен инцидент во Ханој, Виетнам. По внимателна проценка, беше одлучено патувањето на потпретседателката да продолжи“, соопшти американската амбасада.

Околу 200 американски службеници и нивните роднини, вклучително и службеници на ЦИА, заболеа од хаванскиот синдром, изјави тогаш директорот на ЦИА, Вилијам Барнс. Панелот на Националната академија на науките на САД во декември откри дека најверојатно е предизвикан од зраци на насочена енергија, додаде Барнс.

ЦИА забележува многу голема можност дека синдромот е намерно предизвикан и дека Русија може да стои зад него, но се воздржува од заклучоци до продолжување на истрагата. Москва негира вмешаност. Харис во неделата пристигна во Сингапур за првиот дел од нејзината посета на југоисточна Азија. Таа ја обвини Кина за притисок и заплашување на земјите околу спорното Јужно Кинеско Море.

„Постапките на Пекинг продолжуваат да го поткопуваат поредокот заснован на закони“, рече Харис во Сингапур. Кина тврди дека има право на поголемиот дел од морето богато со ресурси, но негови делови за свои ги сметаат и некои други земји, вклучувајќи ги Виетнам и Филипини, сојузници на САД.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе