Летонија сепак купува руски гас, но го плаќа во евра

Компанијата Летонија гас повторно почнала да купува гас од Русија. Меѓутоа, не го купува директно од Русија, туку од друг доставувач и го плаќа во евра, изјави директорот на компанијата Ајгарс Калвитис.

EPA-EFE

„Компанијата сега добива гас од Русија, но не го купуваме од Газпром, бидејќи не можеме да му платиме. Имаме друг доставувач. Информацијата кој е новиот доставувач не ја објавуваме“, кажа тој за летонската национална телевизија. Калвитис исткан дека компанијата гасот го плаќа во евра, а не во рубли.

Парламентот на Летонија во јули изгласа измена на законот за енергетика со кој е забрането купување руски гас, а министерот за надворешни работи Едгарс Ринкевичс изјави дека земјата планира овој канал да го изземе од новиот закон за испорака на ресурси.

Во мај Комисијата за пазар на финансии и капитал на Летонија одби да ѝ издаде на компанијата Летонија гас специјална дозвола за плаќање на рускиот гас во рубли. Претходно раководството на компанијата соопшти дека плаќањето на гасот во рубли формално не ги крши санкциите и дека тоа е можно. Меѓутоа, оваа проценка брзо беше отстранета од сајтот на компанијата.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе