Ја проширија забраната

Летонија покрај нацистичките, ги забрани и советските униформи

Летонија ја прошири забраната на употребата на нацистичките и советските симболи во јавност, па таа сега ќе се однесува и на униформите на двата режими.

Парламентот на балтичката членка на Европската Унија вчера изгласа измена на законот што забранува носење на униформите на војските и репресивните тела на нацистичка Германија и на Советскиот Сојуз.

Измената на законот ќе стапи во сила на 1 јануари 2020 година, соопшти парламентот во Рига.

Летонија во текот на Втората светска војна во различно време ја окупираа силите на Советскиот Сојуз и на нацистичка Германија, а својата независност ја стекна во 1991 година.

Додека ветераните на советската војска традиционално маршираа низ градовите на настаните по повод Денот на победата 9 мај, ветераните на СС-единиците го правеа истото на 16 март по повод Денот на легионерите.

Досега во сила беше забрана за истакнување на обележјата на двата режими, како знамиња и грбови.

Забранетите симболи ги вклучуваат советската црвена петокрака со срп и чекан и нацистичката свастика.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе