Шефот на летонската дипломатија тоа го кажа за Блумберг на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи на членките на НАТО во Букурешт,
„Конкретно, оружјето би требало да се користи за напади на локациите од кои Москва ги врши ракетните напади на критичната инфраструктура на Украина“, кажа Ринкевичс. „Треба да им дозволиме на Украинците да го користат оружјето за гаѓање на ракетните локации или аеродромите од каде тие операции се вршат“.
Додека Москва повеќе пати го предупреди Западот да не ја „пумпа“ Украина со разно оружје, сугерирајќи дека таквото однесување на крајот може да доведе до директен конфликт меѓу НАТО, предводен од САД, и Русија, Ринкевичс ја отфрли таквата загриженост. „Блокот не треба да се плаши од ескалација“, кажа тој.
Летонија, заедно со другите балтички земји и Полска, е меѓу најгласните поддржувачи на Киев во војната во Украина.
Највисоки функционери на земјата во повеќе наврати го посетуваа Киев за да ја изразат својата поддршка, а последната посета беше за време на викендот кога Ринкевичс, заедно со своите колеги од Литванија, Естонија, Финска, Шведска, Норвешка и Исланд се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски.