Се закануваат со санкции

Летонија, Литванија и Полска тврдат дека имаат решение за кризата во Белорусија

Литванија, Летонија и Полска подготвија план за решавање на кризата во Белорусија, изјави денес литванскиот претседател Гитанас Науседа.

EPA-EFE

„Претседателите на нашите три држави направија план за решавање на ситуацијата во Белорусија. Тој содржи три точки“, изјави Науседа на конференција за медиумите и додаде дека властите на Белорусија пред сѐ треба да престанат да употребуваат сила против луѓето кои протестираат поради резултатите на претседателските избори.

Покрај тоа, тој кажа дека треба да се ослободат уапсените демонстранти.

Третата точка од планот е почеток на преговори со претставниците на граѓанското општество.

„Ако планот биде прифатен, нашите држави се спремни да бидат посредници во организација на процесот на излегување од кризата“, кажа Науседа и истакна дека доколку иницијативата не биде прифатена, на Белорусија може да ѝ бидат воведени санкции.

Министерот за надворешни работи на Литванија во интервју за руското радио Ехо Москва кажа дека Минск треба да организира нови претседателски избори, бидејќи овие „не беа ни демократски ни слободни“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе