Барселона, Шпанија

Летаат столови во Барселона, нов судир на демонстрантите (ВИДЕО)

Во центарот на Барселона се судрија две помали групи на демонстранти, додека во градот се загрева протестот на илјада приврзаници на единството на Каталонија и Шпанија.

АП пренесе дека двете судрени страни фрлале столови едни на други, додека локалната полиција не ги одвоила.

Агенцијата вели дека не е јасно што го предизвикало ова насилство и кој учествувал во него.

АП забележува дека на снимката се гледа како столиците летаат во двете насоки, додека припадниците на општинската и регионалната полиција ги туркаат демонстрантите наназад на секоја страна.

Се вели дека во близина се одржува протест на граѓанските организации кои се противат на сепаратистичките планови за Каталонија и дека овие демонстрации не се прекинати.

Во исто време, околу 200 приврзаници на ултрадесницата и шпанските националистички организации го завршија митингот на ридот Монџуик во Барселона, каде го запалија неофицијалното знаме, познато како Сењера, кое стана симбол на каталонските сепаратисти.

Еден проблем кај Трамп е тоа што му е опсесија да изгледа „силен".

повеќе

Меѓу најпосетените места во градот сѐ уште на прво место и меѓу главните мотиви поради кои доаѓаат туристите во Крушево е вечното почивалиште на Тоше Проески, спомен куќата изградена во чест на него, Манастирот Св. Преображение и многу други.

повеќе

„Москва се труди да протурка слика за себе како благонаклонет партнер и заштитник на сувереноста и на православното христијанство антитеза на Западот што 'цело време се меша таму кај што не му е местото'.

повеќе