Летаат искри меѓу Грција и Турција, се вмеша и Америка

САД активно ги смируваат тензиите меѓу членките на НАТО Грција и Турција, изјави американскиот претставник Метју Палмер.

EPA-EFE/DIMITRIS TOSIDIS

Заменик помошникот на американскиот државен секреар за европски и евроазиски прашања Палмер го потврди ова денес, пренесува агенцијата АНА.

„Работиме со нашите сојузници и партнери да промовираме дијалог, одговорно управување во областите каде се пријавени несогласувања и да работиме на деескалирање на точките на триење, пред да се претворат во кризи“, кажа Палмер.

Тој кажа и дека предизвиците настанати поради прелетувањата на турските авиони, кои ги пријавува грчката влада не се нов проблем, пренесува Катимерини.

„Тоа е нешто на што работиме со години и многу од овие проблематични прашања се тука веќе подолго време“, кажа Палмер.

За ситуацијата на реката Марица, копнената граница меѓу двете земји, Палмер се осврна на посетата на северна Грција кога кажа дека „ја поттикнал Турција на смирување на тензиите“.

Новата погранична ограда на реката Марица, која ја поставија Грците, долеа ново масло во односите на Атина и Анкара.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/DIMITRIS TOSIDIS

Зголемувањето на парите за финансирање на партиите не помагаат во поттикнувањето на политичката активност на граѓаните, туку веројатно и делуваат контрапродуктивно, зголемувајќи ја недовербата во партиите и политичарите.

повеќе

За помалку од еден месец по олеснувањето на рестриктивните мерки, Косово се соочува со нагло зголемување на бројот на случаи со ковид-19, 

повеќе