Лековите за ебола со 90% успешност, би можела да стане излечива болест

Еболата наскоро би можела да стане излечива болест бидејќи резултатите од тестирањето на два лекови покажале значително подобрување на стапката на преживување, јави Би-би-си.

Лекарите тестирале четири типа лекови на пациенти во Демократска Република Конго, каде се појавила голема епидемија од ова вирусно заболување, и се покажало дека повеќе од 90% од заразените лица можеле да преживеат ако се третираат со најефикасниот од четирите тестирани лекови во рана фаза од болеста.

Здравствените служби наведуваат дека со овие нови лекови ќе започнат лекување на сите заболени од оваа болест во ДР Конго.

Тестирањето на лековите е спонзорирано од американскиот Национален институт за алергии и заразни болести (НИАИД), од каде е соопштено дека овие резултати се „многу добри вести“ за борбата против еболата.

Лековите РЕГН-ЕБ3 и мАб114 делуваат така што го напаѓаат вирусот ебола со антитела, со што се неутрализира неговиот ефект врз човечките клетки.

„Ова се први лекови за кои научно заснована студија јасно покажала значително намалување на смртноста кај пациенти заразени од ебола“, рече д-р Ентони Фаучи, директор на НИАИД.

Научниците за време на испитувањето се откажале од останатите два третмана, ЗМапа и Ремдесивира, бидејќи се покажало дека се помалку ефикасни.

Најновата епидемија на ебола во источната ДР Конго започна во август минатата година и е најголема од 10-те што ја погодија земјата од 1976 година, кога за прв пат бил откриен вирусот.

Сепак, најлошата епидемија на ова вирусно заболување траела од 2014 до 2016 година, зафаќајќи ја Западна Африка, главно Гвинеја, Либерија и Сиера Леоне. Во тоа време, околу 28.616 луѓе се разболеле, а околу 11.310 умреле.

Дали ние, луѓето, сакаме да продолжиме да живееме добро и безбедно на оваа планета?

повеќе

САД остануваат најмоќната држава во светот, но францускиот претседател Макрон прави сѐ да стане своевиден „пандан“ на претседателот на САД.

повеќе

Сега, кога нашата држава ја предводат анационални лидери, кога супериорната бугарска власт смрди од агресивен национализам, ќе биде тешко да се изгради цврсто пријателство.

повеќе