Женева

Лекари активисти легнаа пред зградата на СЗО за заштита на природата (ФОТО)

Медицинските работници се собраа вчера пред зградата на Светската здравствена организација (СЗО) во Женева.

Фото: ЕПА

Загрижени поради последиците од уништувањето на животната средина врз јавното здравје, медицинските работници се собраа вчера пред зградата на Светската здравствена организација (СЗО) во Женева, барајќи од здравствените власти да ги стават на прво место климатските промени и загубата на биодиверзитетот.

Фото: ЕПА

Облечени во бели медицински мантили, активисти од движењето Докторите во бунт против истребувањето тргнаа пеш од женевскиот Плоштад на нациите кон седиштето на СЗО, каде што ги пречекаа генералниот директор на Тедрос Аданом Гебрејесус и Марија Неира, директорката за животна средина, климатски промени и здравје.

Фото: ЕПА

„Пандемијата ќе заврши, но нема вакцина против климатските промени“, рече Тедрос, пречекувајќи ги и поздравувајќи ги активистите пред зградата на СЗО. „Сега мора да дејствуваме солидарно за да спречиме негативни појави и да се подготвиме, пред да биде предоцна.“

Професорката Валери Д’Акремон, специјалистка за заразни болести и коосновач на движењето, го повика СЗО „да стане движечка сила и гарант за спроведување на јавните политики што ќе го почитуваат здравјето на сите и ќе спасуваат животи“.

Активистите му предадоа на Тедрос писмо и голем песочен часовник како симбол на бунтот против истребувањето на видовите. Целта на движењето е да се поттикне движење од поголем обем за да се избегне најлошото сценарио, уништување на животната средина, на што постојано потсетуваат научниците што ги проучуваат климатските промени.

Тедрос подоцна на Твитер објави порака од СЗО во која се вели дека обете организации се „солидарни и поттикнуваат глобална акција“, со крајна цел насекаде да се запре климатската криза и да се заштити здравјето. Тој напиша дека „овие два концепти се неразделно поврзани и испреплетени“.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе