Лекар што се сретнал со Путин има коронавирус, не носеле заштитна опрема

Лекарот кој минатата недела го спроведе рускиот претседател Владимир Путин низ главната московска болница за пациенти заразени со коронавирусот е позитивен на инфекцијата, објави државната телевизија Русија 24.

Путин минатата недела ја посети болницата Комунарка и разговараше со главниот доктор Денис Проценко.

Тие за време на разговорот не носеле заштитна опрема.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков соопшти дека Путин редовно се тестира за коронавирусот и дека „сѐ е во ред“, пренесе новинската агенција РИА Новости.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе