Ле Пен: Србија нема интерес да се интегрира во ЕУ

Франција со години се соочува со повлекување, оставка на јавните власти, неможност да ја обезбеди една од своите основни мисии, а тоа е да ја осигури безбедноста на граѓаните, рече во ексклузивното интервју за Новости Марин Ле Пен, претседателка на партијата Национално обединување, која институтите за испитување на јавното мислење ја гледаат како главен противник на Емануел Макрон на претстојните избори во Франција.

Фото: ЕПА

„Трендот, кој веќе беше забележан во 2016 година од високи функционери одговорни за безбедноста, а кој предизвикува ситуации на граѓанска војна во одредени области на беззаконие, се влоши со инертноста на Емануел Макрон, кој го сруши и го деградираше авторитетот на државата. Доаѓаме до ситуација на глобална, хронична и растечка несигурност, на целата територија на Републиката, каде што сите со страв забележуваат дека денес нема веќе држава и закон. Во овој институционален вакуум, следствено владее насилството, законот на оние што ја наметнуваат својата моќ и постојаното барање конфронтација што ќе ги замени владеењето на правото и логиката на хаосот“, рече таа.

Во интервјуто за Новости, таа истакна дека исламистичката идеологија и екстремизмот преку притисоци, закани и уцени наметнуваат тоталитарен теократски режим во кој поединци и нации ќе бидат подредени на правилата на новиот верски поредок.

Таа потсети дека нејзината партија се бори против политичкиот систем на ЕУ, кој е „политички ориентиран кон САД“ и оцени дека „со оглед на тоталитарните ексцеси во функционирањето на унијата, не верувам дека Србија има интерес да се интегрира во овој систем што го игнорира националниот суверенитет“.

„Тој систем на ЕУ го игнорира националниот суверенитет и применува политика на уцена и закана. На пример, против Унгарија и Полска, и тоа само затоа што овие две земји, со право, одбија да им бидат наметнати мигрантски квоти. Принципот на проширување е всушност процес на трансфер на суверенитетот и разводнување на националниот идентитет“, истакна Ле Пен.

Марин Ле Пен ги оцени санкциите на ЕУ воведени против Русија како „самоволие, историска контра-насока и геополитичка грешка“.

„Нашите односи со Русија се од суштинско значење за ублажување на меѓународните кризи и борба против исламскиот фундаментализам, а Русија е исто така важен трговски партнер. Желбата да се исклучи Русија од дијалогот меѓу народите ќе доведе до продлабочување на меѓународните кризи и геополитички и економски ќорсокак“, предупреди француската политичарка Марин Ле Пен, претседателка на десничарската националистичка партија Национално обединување.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе