Ле Пен го повика Макрон да го распушти националното собрание по изборниот пораз

Марин ле Пен го повика францускиот претседател Емануел Макрон да го распушти националното собрание откако нејзината партија на европските избори го презеде блокот предводен од францускиот претседател.

„Претседателот нема друг избор освен да го распушти националното собрание и да дозволи подемократски гласачки систем, за мнозинското политичко мислење на оваа земја да биде подобро застапено“, рече Ле Пен, додавајќи дека сега битката е меѓу нејзината и Макроновата партија.

„Бледнеењето на традиционалните партии и поделеноста меѓу партијата Национално обединување и ренесансната партија (на Емануел Макрон) потврдуваат дека политичката сцена сега е поделена помеѓу националистите и глобалистите и тоа е она што доминира во нашиот политички живот“.

Партијата Национално обединување на Ле Пен може да добие околу 24 отсто од гласовите, според различни излезни анкети, тесно победувајќи ја партијата на Макрон, која се очекува да постигне околу 22 отсто. Досега немаше коментари од самиот претседател, но официјалните претставници на Елисејската палата наводно ги нарекле резултатите „разочарување“, но не и казна, односно не причина владата да се откаже од својата агенда.

Сегашниот изборен модел е причината и генераторот  на сите проблеми на општественото и политичпко уредување на Македонија.

повеќе

Кина му дава на регионот нова надеж додека сонот за ЕУ се распаѓа, вели Политико.

повеќе

Северна Македонија стана кандидат 9 години пред Албанија и нема ништо лошо побрзо и да оди напред.

повеќе