„Мора да ја зачуваме дипломатијата, бидејќи изјавите на Борел ни кажуваат дека Франција веќе би била вовлечена во војната, ако тој одлучува наместо нас“, рече Ле Пен за телевизијата „БФМТВ“.
Таа истакна дека според зборовите на Борел нема тенденција за решавање на конфликтот со започнување преговори и барање начини за воспоставување мир. „Мора да внимаваме да не се направи преголем чекор кој би нѐ принудил да влеземе во војна која Французите не ја сакаат“, додаде таа.
Борел претходно изјави дека секој нуклеарен напад на Русија врз Украина би предизвикал ненуклеарен, но моќен воен одговор од Западот. Шефот на европската дипломатија додаде дека таквиот одговор би бил „деструктивен“ за руската војска.