Ле Монд пишува за Вучиќ, Ѓукановиќ и нивните врски со криминалот

Угледниот француски весник Ле Монд објави текст со наслов „Организираниот криминал во срцето на државниот систем“. Во текстот се зборува за тоа како српски и црногорски криминални групи учествувале во трговијата со дрога со потекло од Јужна Америка која се доставувала во цела Европа, а сè во спрега со официјалните власти.

EPA-EFE

Особено се истакнува бруталноста на нивните меѓусебни конфликти, кои почнаа во 2014 година, а се интензивираа во 2016 по убиството на Александар Станковиќ (Сале Мутави), како што се наведува.

Во текстот особено се истакнува улогата на браќата на српскиот и црногорскиот претседател Александар Вучиќ и Мило Ѓукановиќ, Андреј Вучиќ во Белград и Ацо Ѓукановиќ во Подгорица.

Цитиран е и европски дипломат кој вели дека „во име на геополитиката се затворале очите пред инкриминирачките активности на Србија и Црна Гора“. Се наведува дека српските и црногорските власти го фаворизирале „кавачкиот клан“, чии членови „одржувале блиски врски со хулигани поврзани со Вучиќ“.

Се наведува и дека групата Јаничари, подоцна преименувана во Принципи, константно јакнела од доаѓањето на Вучиќ на власт, како и дека биле ангажирани за време на инаугурацијата на српскиот претседател, и дека неговиот син Данило редовно бил гледан во друштво на овие хулигани.

Во текстот објавен на неколку страници се објаснува дека врската на државата и оваа хулиганска група ја одржувала Дијана Хркаловиќ, која, како што пишува францускиот весник, Вучиќ ја стави на местото државен секретар на министерството за внатрешни работи на Србија.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе