Призна дека изнел лажни информации

Лажеше за Путин и „голема Русија“: шефот на холандската дипломатија поднесе оставка

Министерот за надворешни работи на Холандија Халбе Зeлстра поднесе оставка откако призна дека изнел лажни информации, пренесе АФП.

Тој кажа дека лажел кога во 2016 година изјавил дека присуствувал на состанокот на кој рускиот претседател Владимир Путин рекол дека има детални планови за „голема Русија“.

Како што наведе во образложението на својата одлука, неговиот кредибилитет е толку нарушен, што е невозможно да ја продолжи својата работа.

За време на предизборната кампања пред две години, Зeлстра кажал дека во 2006 година бил на состанокот со Путин кога слушнал како лидерот на Кремљ зборува за плановите за „голема Русија“, која наводно би опфатила и некои руски соседи, но во понеделникот призна дека никогаш не бил на состанок со Путин, а за наводниот коментар на Путин чул од „втора рака“.

Денес руската амбасада во Холандија го оцени како „пример за лажна вест“ коментарот на холандскиот министер за надворешни работи за наводниот агресивен руски план за создавање „голема Русија“.

Планот за чист воздух од само 1,5 милиони евра издвоени од буџетот и за граѓаните и за еколошките активисти е несериозен.

повеќе

Во битката за фотелја во ФФМ секогаш решавачка била „техниката" на добивање гласови од делегатите со поткуп, ветувања, партиски и притисоци на локалните моќници... 

повеќе

Како може да се надминат исклучивите и националистички толкувања на минатото: што работат комисиите?

повеќе