„Заштитата на циивилите на прво место“

Лавров: Злонамерен приказ на настаните, не се подготвува никаква ифанзива во Идлиб (ВИДЕО)

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави денес дека не се подготвува никаква голема офанзива врз бунтовничката покраина Идлиб, истакнувајќи дека сепак Москва сака да ги заштити цивилите во операциите кои во моментов ги водат.

ОН и Западот стравуваат од хуманитарна катастрофа додека сирискиот режим со недели трупа воени засилувања покрај границата со последното бунтовничко упориште.

„Она што во моментов го прикажуваат како почеток на офанзива на сириските сили со руска помош е злонамерен приказ на настаните. Сириските сили и ние само реагираме на нападите од зоната на Идлиб“, кажа рускиот министер на германско-руски форум во Берлин.

Според него, Русија ќе направи сѐ за да ги заштити цивилите.

„Детално ќе ги проучиме тие прашања, ќе воспоставиме хуманитарни коридори и ќе се договориме за примирје на локално ниво и ќе направиме сѐ за цивилите да не трпат“, додаде Лавров.

Покраината Идлиб е последното упориште на опозицијата против претседателот Башар ал Сад, која 60 отсто ја контролира џихадистичката група Хајат Тахрир ал Шам, во чиј состав е и поранешната гранка на Ал каеда во Сирија.

Околу три милиони луѓе, од кои поливина доселени од другите делови на Сриија, живеат во Идлиб и соседните бунтовнички џебови, покажуваат податоците на ОН.

Парадоксалните судски процеси во државава, сами по себе родија парадокс.

повеќе

Следејќи ги слепо своите геостратешки планови, можно е американските геостратези и во Македонија да направија уште една грешка, во низата грешки во последните две декади.

повеќе

Подгорица во 2019 година ќе добие споменик на Јосип Броз Тито.

повеќе