Лавров: Западот воведува тоталитаризам во меѓународните односи

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров кажа дека западните земји, САД и ЕУ, во обидот на другите да им ги наметнат своите ставови воведуваат тоталитаризам во меѓународните односи.

EPA-EFE

„Западот повеќе не се грижи околу нормата на меѓународното право и сега од сите бара да ги исполнуваат нивните правила и да го почитуваат поредокот кој тие го воспоставија“, кажа Лавров на онлајн седницата на Советот за безбедност на ОН посветена на меѓународните односи и улогата на Обединетите нации.

„Фрапантно е тоа што западните земји, отворено поткопувајќи го меѓународното право, не се воздржуваат да тврдат дека главната задача на светската политика треба да биде оневозможување на обидите на Русија и Кина да го сменат поредокот заснован врз нивните правила. Токму такви изјави можеа да се слушнат на неодамнешната средба на Г7 во Лондон. Со други зборови, веќе се случи замена на тезите. Западот повеќе не се грижи околу нормата на меѓународното право и сега од сите бара да ги исполнуваат нивните правила и да го почитуваат нивниот поредок“, кажа рускиот министер за надворешни работи.

Лавров кажа дека Москва смета дека се недозволиви тие обиди за воведување тоталитаризам од страна на САД и ЕУ кои на меѓународната сцена ги отфрлаат сите принципи на демократијата и мултилатерализмот.

Според него, водечките земји на Западот се обидуваат процесот на создавање мултицентричен свет да го вратат назад.

„Во таа цел се промовира концептот на таканаречен поредок заснован на правила, концепт осмислен како подметнување наместо меѓународното право“, наведе тој и додаде дека правилата се дефинираат зад затворени врати а потоа им се наметнуваат на останатите.

„Сметаме дека таквите постапки со кои се заобиколуваат Обединетите нации се штетни и насочени кон узурпирање на процесот на носење одлуки кои би требало глобално да се применуваат“, кажа Лавров.

Според него, еден од примерите на воведување на методот на диктат претставува праксата на Западот во врска со едностраните незаконски санкции кои се воведуваат без какви било меѓународни правни основи.

„Во услови на пандемија таквите рестрикции драматично ги намалуваат можностите на цела низа земји во развој да се борат против ширењето на инфекцијата“, заклучи рускиот министер.

„Русија ги повикува сите држави кога ја градат својата надворешнополитичка позиција безусловно да ги следат целите и принципите на Повелбата на ОН, обезбедувајќи почитување на суверената еднаквост на земјите, немешање во нивните внатрешни работи, решавање на споровите со политичко-дипломатски средства, откажување од заканите со сила и нејзина примена“, кажа Лавров.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе