Шефот на руската дипломатија

Лавров: Западот изгуби контрола, својот гнев го истураат на Русија

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров кажа дека примерот на Украина покажува во што се претвора светскиот поредок според правилата на САД и нивните сојузници.

EPA-EFE

„Главната причина е тоа што САД и нивните сојузници продолжуваат агресивно да го наметнуваат „светскиот поредок заснован на правила“ на останатите учесници на меѓудржавната комуникација.

Во што се претвора овој „поредок“ за човекови права – добро се гледа на примерот на Украина“, порача министерот Лавров во своето обраќање на состанокот на Советот на ОН за човекови права.

Лавров констатираше дека Западот, во обид, како што наведе, да го истури својот гнев на Русија, очигледно ја губи контролата врз себе.

„Западот очигледно ја изгубил контролата врз себе во обид да го истресе својот гнев врз Русија, почна да ги уништува сите институции и правила кои ги создаде, вклучувајќи ја неповредливоста на имотот“, истакна Лавров.

„На арогантната филозофија на Западот, заснована на чувството на сопствената супериорност, исклучивост и дозволеност, мора да ѝ се најде крајот“, истакна рускиот министер.

Тој истакна дека западните колеги едноставно ги игнорираат последиците на масовното гранатирање на цивилните објекти во Донбас од страна на украинската војска.

„Масовните гробници откриени во Донбас се неоспорен доказ за злосторничките последици на масовното гранатирање на цивилни објекти во Донбас. Форензичката истрага утврди дека повеќето загинати се жени и постари лица. Нашите западни колеги едноставно ги игнорираат бројните факти за овие нечуени кршења на законите, основното човечко право – правото на живот“, истакна шефот на руската дипломатија.

Тој порача дека „руските обиди да се сврти вниманието на Советот за човекови права на злосторствата кои се случуваат веќе осум години наидоа на рамнодушност“.

Зборувајќи за преговорите со Украина, Лавров кажа дека Москва очекува Украина во преговорите со Русија да ја сфати сериозноста на ситуацијата и потребата да покаже независност.

„Како што знаете, на барање на Володимир Зеленски почнаа преговорите меѓу претставниците на Русија и делегацијата на Киев. Се надевам дека украинската страна е свесна за сериозноста на ситуацијата и својата одговорност, дека е свесна дека постои потреба да покаже независност и способност за преговори и дека ќе се избегне повторување на историјата со Минските договори“, заклучи Лавров.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе