„НАТО ја бомбардираше Југославија за да се прошири на исток“

Лавров: Зад ултимативните изјави на Приштина најверојатно стои Вашингтон

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров изјави дека зад ултимативните изјави на Приштина во преговорите со Белград најверојатно стојат САД.

„Во првата декада на март Приштина ја објави својата преговарачка платформа која претставува ултиматум и која гласи дека без какви било услови мора целосно да биде признаена независноста на Косово, а дека Србите немаат право да влијаат на решавањето на тоа прашање. Во Вашингтон тоа го „голтнаа“. Дури мислам дека Вашингтон најверојатно стои зад тој неприфатлив чекор на Приштина“, вели Лавров во документарецот на НТВ „Пресврт над Атлантикот“.

Тој наведува дека со Косово раководат луѓе кои „пет пари не даваат“ за срамежливите совети на ЕУ во дијалогот со Белград.

„Со Косово сега владеат луѓе кои пет пари не даваат дури ни за срамежливите совети кои се обидува да им ги даде Западот за неопходноста од нормализацијата на односите со Белград. ЕУ долги години се обидуваше да стане посредник, но постигнатите резултати кои беа насочени кон обезбедување на правата на Србите на Косово, Приштина целосно ги игнорира, а ЕУ покажува целосна беспомошност“, кажа Лавров.

Шефот на руската дипломатија кажа и дека НАТО ја бомбардираше Југославија поради намерата да ги прошири своите граници на исток и да се приближи до границата на Русија.

„Во тоа нема никаков сомнеж. Настаните кои следеа потоа докажуваат дека беше токму така“, заклучи Лавров.

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе