Лавров за резолуцијата на Европскиот парламент: Со нив треба да се позанимаваат лекари

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров смета дека резолуцијата на Европскиот парламент со која Русија се прогласува за спонзор на тероризмот треба да ја искоментираат лекари.

Фото: ЕПА

„Според мене, на нормалните луѓе им е јасно сè и јас немам медицинско образование да ја коментирам таа одлука“, изјави Лавров за телевизијата Русија-1.

Европскиот парламент вчера усвои необврзувачка резолуција со која Русија ја прогласува за државен спонзор на тероризмот поради воената операција во Украина, по резултатите од гласањето на пленарната седница во Стразбур.

Во моментов, Европската Унија нема никаква правна рамка за класификација на земјите како државни спонзори на тероризмот.

Претходно Парламентарното собрание на НАТО објави документ во кој се препорачува земјите-членки на Алијансата да ја прогласат Русија за терористички режим.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе