Лавров за идејата за запленување на замрзнатите руски девизи: „Тоа е кражба“

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров идејата на шефот на дипломатијата на ЕУ Жосеп Борел за запленување на замрзнатите девизни резерви на Руската Федерација ја нарече кражба.

EPA-EFE

Борел претходно се заложи за запленување на замрзнатите руски златни и девизни резерви и нивно употребување за обновување на Украина по војната.

„Европската Унија повеќе нема своја надворешна политика, таа е целосно солидарна со политиката на Соединетите Американски Држави“, истакна рускиот министер за надворешни работи.

Тој забележа дека на Западот таквите постапки веќе му стануваат навика. Лавров како пример ја наведе ситуацијата со замрзнувањето на авганистанските средства, кои САД сакаат да ги искористат не за потребите на народот на Авганистан, туку по своја проценка.

Заменикот на Лавров Александар Грушко предлогот на Борел го нарече незаконски, истакнувајќи дека таквиот потег би влијаел на целиот светски финансиски систем и дека скапо би ги чинел самите Европејци.

Според рускиот министер за финансии Антон Силуанов, станува збор за околу 300 милијарди долари, и златни и девизни резерви. Русија презема контрамерки и им забрани на странските инвеститори да ги повлечат парите од нејзиниот финансиски систем. Според некои проценки, станува збор за над 500 милијарди евра.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе