Лавров во самоизолација, ги одложи посетите на Србија и БиХ

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров е во самоизолација поради контакт со лице заразено со коронавирус, а сите планирани посети и средби се одложени, објави рускиот портал Спутник повикувајќи се на прес-службата на руското Министерство за надворешни работи

Фото: ЕПА

„Поради контакт со лице заразено со ковид-19, Сергеј Лавров ќе биде во самоизолација. Претходно планираните посети и состаноци се одложуваат. Тој се чувствува добро“, се вели во соопштението на руското министерство.

Рускиот министер за надворешни работи требаше да престојува во работна посета на Босна и Херцеговина на 28 октомври, а во дводневна посета на Србија на 28 и 29 октомври, за кога беше закажана средба со српскиот претседател Александар Вучиќ.

Според белградските медиуми, Лавров требало да присуствува на церемонијата по повод завршувањето на внатрешното уредување на Храмот Свети Сава и да се сретне со патријархот на Српската православна црква Иринеј.

Според неофицијалниот протокол, било предвидено и учество на рускиот шеф на дипломатијата на церемонијата на палење на Вечниот пламен на гробиштата на Ослободителите на Белград.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

На 2 Август 2021 година ќе се одбележат два значајни настана од историјата на македонскиот народ.

повеќе

Албанскaта политичка и научна јавност имаат објективен пристап и разбирање дека прашањата што се на масата за разговори со Бугарија не се воопшто лесни за решавање.

повеќе

Половични регионални форми на соработка и здружување се опасни за Македонија.

повеќе