Лавров во посета на Белград: Проблемот со Косово останува нерешен (ВИДЕО)

Министерот за надворешни работи на Русија пристигна во официјална посета на Србија, а по средбата со српскиот претседател Александар Вучиќ заедно им се обратија на новинарите. Главната тема на посетата е Косово.

EPA-EFE

„Ние денес разговаравме за сите важни теми на билатералните односи и нашите најважни економски партнери. Верувам дека уште многу можеме заедно да направиме и да ги подобриме нашите пријателски односи“, кажа Вучиќ.

„Мене како претседател дополнително ме загрижуваат решенијата на косовскометохиската криза. Не сакам никого да измамам, очигледно е дека нѐ чека исклучително тежок период за да се остварат некои планови“, додаде српскиот претседател.

„Сепак, нештата се јасни – за какво било решение потребна е согласност на Руската Федерација. Србија е спремна да ги сослуша сите учесници во преговорите, но мора да ги почитува своите пријатели“, кажа Вучиќ.

Особено истакна дека Србија ја очекуваат „тешки времиња“.

„Сакам ова да му го кажам на нашиот народ: Тешки времиња се пред нас, но мора да бидеме обединети. Ова се можеби и најтешките времиња од признавањето на Косово пред 12 години“.

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров кажа дека е задоволен од преговорите и соработката со Србија.

„Проблемот со Косово останува нерешен и Русија смета дека ЕУ не смее да се изолира од своите обврски и мора да ги исполни чесно и да се бори за реализација на оние решенија и договори кои се веќе постигнати – особено договорот за заедница на српски општини, кој сега Приштина го саботира“, кажа Лавров.

„Ние ќе ги поддржуваме сите иницијативи кои ќе им помогнат на Белград и Приштина да постигнат договор. Токму на предлог на Русија се потврдува територијалниот интегритет на Србија во Резолуцијата 1244“, додаде тој.

„Ние го знаеме ставот на Србија и српското раководство, како и дека Белград ќе се раководи според националните интереси на својата држава и својот народ“, заклучи Лавров.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе