Лавров во ОН: Буча е измама, побарајте од Киев да ги објави имињата на жртвите

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров го повика генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш да побара од украинските власти да го објават списокот на луѓе убиени во украинскиот град Буча.

Фото: ЕПА

„Ве молиме побарајте од украинските власти да го направат овој едноставен чекор и да ги објават имињата на луѓето чии тела беа расфрлани низ Буча. Го барам ова со месеци, но никој не сака да одговори. Господине генерален секретар, најмалку што можете да направите е да го искористите вашиот авторитет“, рече Лавров на седницата на Советот за безбедност на ОН за Украина, пренесе Тасс.

На 3 април Украина ги обвини руските сили дека извршиле масакр во Буча, во близина на Киев, а локалните власти соопштија дека биле убиени 419 лица.

Лавров рече дека трагедијата во Буча се случила два дена откако руските и украинските преговарачи речиси постигнале договор во Истанбул на крајот на март.

Рускиот министер тврди и дека трагедијата е „недвосмислено исценирана“.

„Би сакал да го свртам вашето внимание на фактот дека нашите западни колеги станаа хистерични веднаш по таа измама и воведоа нов пакет санкции против Русија, неосновано обвинувајќи нè за убивање цивили. Последиците од оваа пропаганда ја исполнија својата цел, но сега сите освен нас, се чини како да заборавија на инцидентот во Буча“, рече Лавров.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе