„Москва се залага за што побрз почеток на национален дијалог“

Лавров: Талибанците не го контролираат целиот Авганистан

Талибанците засега не ја контролираат целата територија на Авганистан, кажа денес министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров.

EPA-EFE

Поради тоа, како што истакна, Москва се залага за што побрз старт на општонационален дијалог со учество на сите страни.

Како што кажа, Москва го поздравува соопштението на талибанците дека се спремни за дијалог со другите политички сили во Авганистан, и инсистира тие политички процеси да се реализираат во конкретни резултати.

„Ние на сите начини ќе се обидуваме тие политички процеси кои ќе бидат почнати вистински да се реализираат“, истакна Лавров.

Тој кажа и дека Русија е спремна да го обнови московскиот формат на преговорите за Авганистан бидејќи, како што оцени, тој формат има најголема перспектива да даде каков било резултат.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе