Со европски функционер

Лавров со обид да биде духовит: Може да се фотографираме ако ми кажете некоја тајна (ВИДЕО)

Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров пред средбата со генералниот секретар на Советот на Европа Торбјорн Јагланд се обиде да се пошегува на темата на доверливите разузнавачки информации кои му ги кажал американскиот претседател Доналд Трамп.

Снимката од „шегата“ ја објави руското министерство за надворешни работи на својот профил на Твитер.

„Дали ќе има проблем со снимањето протоколарни фотографии?“, го прашува Јагланд Лавров.

„Зависи од тоа какви тајни ќе ми откриете“, кажува рускиот министер.

„Шегата“ на рускиот шеф на дипломатијата се однесува на информацијата на Вашингтон пост дека Трамп на средбата со Лавров на 10 мај во Белата куќа наводно му открил информации кои загрозиле „исклучително важен извор на разузнавачки информации“ за ИСИС.

Прашањето на потпишување договор за добрососедство со Бугарија е вештачко прашање.

повеќе

Никој од политичарите не сака на народот да му ја каже вистината. Вистината за Македонија.

повеќе

Референдумот во Дојран во недела е поделикатен од оние во Гевгелија, Богданци и Валандово, зашто отворањето рудник во Казандол може да го кутне во уште потешка агонија eзерото кое е прогласено за споменик на природата. 

повеќе