Спротивно на изјавите во април

Лавров смени плоча: Целта на Русија е да ја собори украинската влада

Спротивно на претходните изјави, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Русија има цел да ја собори украинската влада.

Фото: ЕПА

„Ние секако му помагаме на украинскиот народ да се ослободи од режимот што е апсолутно непријателски настроен кон народот и историјата“, рече Лавров за време на посетата на Каиро. „Рускиот и украинскиот народ ќе живеат заедно во иднина.“

Со најавата дека сака да го смени политичкото раководство во Киев, Лавров им противречи на сопствените изјави од април.

„Немаме намера да го менуваме режимот во Украина“, изјави највисокиот руски дипломат во интервју за телевизијата Индија тудеј.

„Останува на Украинците да одлучат под кое раководство сакаат да живеат“, уверуваше тогаш Лавров.

Последниве денови руското раководство јавно ја заостри својата позиција за војната во Украина. Во средата Лавров се закани дека Русија ќе окупира и други области надвор од Донбас.

Со оглед на западните испораки на оружје и нивниот поголем дострел, неопходно е дополнително да се потиснат украинските трупи од регионите Доњецк и Луганск на истокот на Украина, кои Москва ги призна како независни, вели Дојче веле.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина не се плаши и дека на 28 јули ќе го слави државниот празник.

Во својата ноќна видеопорака тој исто така рече дека на Украина ѝ претстои важна недела, среде ужасната војна.

„Украина ќе продолжи да прави сѐ за да му нанесе максимална штета на својот непријател. Дури и Русите очекуваат Украина да победи“, рече Зеленски.

„Само оние што не ја знаат вистинската историја и не ја чувствуваат нејзината важност можат да одлучат да нѐ нападнат“, рече Зеленски.

„Украинците се угнетувани со векови и никогаш нема да се откажат од својата независност“, уверуваше украинскиот претседател.

„Зачувувањето на единството сега, заедничката работа за победа е најважната национална задача што мораме заедно да ја надминеме“, рече Зеленски.

Ако Украинците успеат во тоа, ќе успеат во она што претходните генерации не го направија: да ја задржат својата независност од Русија, да се трансформираат во една од најмодерните земји во светот и во исто време да го почнат своето патување кон Европа, кое, според Зеленски, ќе заврши со полноправно членство во ЕУ, вели Дојче веле.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе

Трагично е што воопшто треба да се бориме за зачувување на институција која отсекогаш била стожер на културниот живот во Македонија.

повеќе

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе