Лавров: Северен тек 2 не смее да се користи за политички игри

Русија го дели ставот на европските партнери за чисто комерцијална природа на проектот за гасоводот Северен тек 2 и се спротивставува на обидите да се користи во политички игри, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, пренесоа руските медиуми.

EPA-EFE

Според него, под изговор за осигурување на европската енергетска безбедност, САД сакаат на Европа да ѝ го наметнат својот поскап течен гас наместо рускиот гас, што во Европа ќе се испорача преку гасоводот Северен тек 2. Тој гасовод е во фаза на изградба, што е отежната и речиси запрена од американските санкции и притисоци врз компаниите и другите инволвирани.

„Се работи за методи на нечесна конкуренција“, рече Лавров. „Таквите обиди се арогантни и покажуваат целосно непочитување на Соединетите држави кон нивните сојузници“, додаде тој.

Тој повтори дека Северен тек 2 е „чисто комерцијален проект и не може да биде преговарачки адут во некои политички игри“ и дека Русија за тоа „го дели ставот на Европа“.

Лавров исто така го насочи вниманието и на, според него, нелегитимните обиди да се попречи спроведувањето на проектот Северен тек 2 со воведување еднострани санкции.

„Само санкциите наметнати од Советот за безбедност на ОН се легитимни“, нагласи тој, „и сè друго е обид за поткопување на меѓународното право и принципите на Повелбата на ОН, која повикува на соработка во решавањето на какви било проблеми“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе

Јас, Ангела Илиевска , учесник во повеќе протестни движења низ годините наназад, со себе го носам товарот на мојата личност и идеалите кои ги застапувам низ сите тие движења.

повеќе

Германија не го негира своетo фашистичко минато, ниту дека ја окупирала Франција, па следствено, не се ни менувани ни учебниците во обете земји, ниту се бришани делови од споменични натписи.

повеќе