Лавров: САД не успеаја да го насаскаат цел свет против Русија

Соединетите Американски Држави не успеаја да го свртат целиот свет против Русија, изјавил рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, пренесува Итар-тасс.

„Американците испраќаат свои емисари низ целиот свет и сите ги подбуцнуваат да се свртат против нас, тоа е вистина“, истакнал Лавров, но додал и дека практично никого не убедила, освен ЕУ и неколку свои најблиски соработници.

Илустрирајќи ги своите тврдења, Лавров потсетил на бројните документи кои Русија ги потпишала со земјите од БРИКС и државите од Персискиот Залив.

„Западните партнери од самата ЕУ сакаат да имаат контактите со нас и ги остваруваат, тие нѐ посетуваат, ни телефонираат“, кажал Лавров.

Тој додал дека неои претходно закажани контакти биле одложени за во иднина, но додека на сопствената јавност и се објавуваат само откажувањата, зад кулисите се повикуваат Русите, се апелира „да не ја сфаќаат ситуацијата погрешно“ и се потврдува интересот за понатамошни дискусии и наоѓање решение.

Лавров истакнал дека САД ја користат кризата во Украина за економски да ја изолираат Европа од Русија. Американците сакаат да ја изнудат најдобрата можна позиција во преговорите за креирање трансатлантско трговско и инвестициско партнерство, тврди Лавров.

„Иако во Европа се родени мислителите кои тврдеа дека економијата ја одредува политиката, ЕУ сега е подготвена да ја жртвува економијата за сметка на политиката“, истакнал Лавров, оценувајќи го тоа како „екстремен степен на идеологизација“, што, според него, нема да трае долго, бидејќи во Унијата веќе се слушаат гласовите на разумот кои истакнуваат дека е парадоксално да се даваат инструкции за подготвување на нив санкции против Русија истиот ден (5 септември) кога во Минск беше потпишан мировниот договор за Украина и тоа главно благодарение на иницијативата на рускиот претседател Владимир Путин.

„САД инсистираат на својата ексклузивност во светската политика и веќе со децении ја применуваат истата технологија во својата надворешна политика, а истите тврдења за сопствената ексклузивност во многу прилики во новата историја доведувале до човечки катастрофи“, кажал Лавров. Тој ги дал примерите на јужноамериканските земји во чија политика се мешале САД, како Панама, Гренада, Хаити и други.

Лавров предупредил дека не смее да се заборави американската Национална безбедносна доктрина, усвоена во 2010 година, со која САД го прифаќаат меѓународниот правен систем, но за себе го задржуваат правото да користат какви било средства за да ги заштитат сопствените интереси, вклучувајќи и примена на сила без одобрение од ОН.

Наведувајќи дека односите меѓу Русија и САД забрзано се расипуваат, рускиот министер за надворешни работи истакнал дека условите за тоа долго време се трупале. „Многу пред ситуацијата во Украина, имаше повици за изолирање и казнување на Русија“, истакнал Лавров. Тој ги навел примерите со случајот Магнитски, несогласувањата околу промената на режимот во Сирија, случајот со Сноуден, па дури и обидот да се откаже посетата на Обама за време на самитот Г20 во Сант Петерсбург.

Околу ситуацијата во Украина, Лавров истакнал дека Русија сака Украина која „ќе биде вистински дом за сите што живеат во неа“, пренесува Итар-тасс.

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе