Лавров: САД ги уништуваат сите кои ги загрозуваат нивните интереси. Следната мета е Кина

Соединетите Американски Држави ги уништуваат сите земји кои ги загрозуваат нивните политички интереси. Тоа беше случај со Југославија, Ирак, Либија, Сирија и други земји, кажа рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

EPA-EFE

„Кога нашите американски колеги во минатото ќе почувствуваа дека пости опасност по нивните политички интереси, илјадници километри од американскиот брег ја бомбардираа Југославија во 1999, Ирак во 2003, Либија во 2011 и многу други земји“, кажа шефот на руската дипломатија.

„Тие почнуваа воени операции без воздржување, без да се објаснуваат никому, многу често со лажна причина, уништувајќи градови, убивајќи илјадници невини граѓани“, кажа Лавров, обраќајќи им се на странските дипломати во руската амбасада во Адис Абеба.

Тој истакна дека по воените операции на Соединетите Американски Држави практично беа уништени градови како Мосул во Ирак и Рака во Сирија. „Не се сеќавам дека прогресивниот, цивилизиран Запад на некој начин ја отвори оваа тема“, оцени Лавров.

Тој кажа дека светот во моментов се наоѓа во „важен историски момент“, кога ќе мора да се бира како ќе се живее и што ќе им се остави на следните генерации.

„Ќе живееме во свет кој ги следи принципите на Повелбата на Обединетите нации, засновани на рамноправноста на суверените држави, или во свет во кој ќе доминираат најсилните. Дали нашиот избор е да живееме во свет на колективниот Запад под покровителство на САД кои одлучуваат каде и како да ги промовираме нашите интереси?“, праша Лавров.

Кина ќе биде следната цел на Западот на листата на непријатели, по Русија, истакна Лавров.

„НАТО по ред ги означува своите непријатели. Русија е број еден. Кина е на второто место“, кажа рускиот министер обраќајќи им се на дипломатите.

Според него, сите принципи може да бидат згазени доколку Западот реши некого да казни.

„Ако тоа е потребно, тие без колебање ќе воведат санкции против која било земја која ќе предизвика нивна нервоза. Ја спомнав Кина како земја која ќе биде следната цел“, додаде.

Шефот на руската дипломатија престојува во петдневна посета на Африка до 28 јули. Денес ја посети Адис Абеба каде се сретна со етиопискиот колега Демеке Меконен.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе