„Го избравме патот на дипломатијата пред низа децении“, кажа Лавров, во интервјуто емитувано на неколку медиуми.
Тој истакна дека Русија мора да соработува со сите и дека тоа е нејзиниот принцип.
„Ако зависи од Русија, војна нема да има. Не сакаме војни. Но нема ни да дозволиме нашите интереси грубо да се газат и игнорираат“, кажа Лавров.
Трупањето десетици илјади руски војници на границата со Украина во последните недели кај Западот предизвика паника од инвазија. Русија негира дека планира каков било напад.
Американскиот претседател Џо Бајден предупреди денес дека постои можност Русија да изврши инвазија на Украина следниот месец.
САД побараа за следниот понеделник одржување на седница на Советот за безбедност за кризата околу Украина.